ВНИМАВАЈ ЌЕ СЕ ПОВРЕДИ, НЕ ГО ФРЛАЈ ТАКА, СМИРЕТЕ СЕ МАЛКУ! Зошто на децата им е потребна грубата игра со таткото?

Целта на ваквата игра никогаш не е возрасниот да покаже колку е посилен, туку детето преку заедничката игра да почувствува поврзаност, сигурност и задоволство. Треба да се избегнуваат опасни движења, особено фрлање на детето во воздух, нагло влечење за рацете и притисок врз главата или вратот.

20

Борење на тепих, трчање низ дома, фрлање во воздух, скокоткање и борба со перници – она што на возрасните понекогаш им изгледа како премногу дива игра, за детето може да биде драгоцено искуство. Особено кога станува збор за игра со таткото.

„Внимавај, ќе се повреди!“, „Не го фрлај така!“, „Смирете се малку!“ – ова се реченици што често се слушаат кога таткото и детето ќе се занесат во играта. Додека едниот родител загрижено гледа како детето лета низ воздухот или се обидува да го собори таткото на подот, детето се смее и бара: Уште еднаш!






Но, зад овие моменти се крие многу повеќе од обична забава.

Развојната психологија со децении го проучува значењето на физичката, разиграна интеракција меѓу родителите и децата, особено таканаречената rough-and-tumble play. Истражувањата покажуваат дека ваквата игра, кога е безбедна, доброволна и приспособена на детето, може да придонесе за неговиот емоционален и социјален развој.

Кога детето се бори со таткото, всушност учи многу повеќе отколку што мислиме

На прв поглед, грубата игра изгледа како хаотична забава. Но, таа му дава можност на детето да вежба некои важни животни вештини.

1. Учи да ги контролира емоциите

За време на физичката игра детето доживува возбуда, радост, напнатост, а понекогаш и фрустрација. Во еден момент победува, во следниот губи. Некогаш успева да го собори таткото, а некогаш завршува на грб.

Токму во таквите ситуации има можност да вежба како да ја регулира возбудата, да го прифати поразот и да продолжи со играта без лутина.

Се разбира, тоа не се случува автоматски. Одлучувачко е како возрасниот ја води играта, како ги препознава реакциите на детето и му помага да се смири кога возбудата ќе стане преголема.

2. Учи каде се границите – неговите и туѓите

Една од најважните лекции што детето може да ги научи преку ваквата игра е разликата меѓу забавата и повредувањето.

Целиот текст прочитајте го на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини