БРЕМЕНА ЖЕНА ПРИЈАВИЛА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО КРАТОВСКО На телото имала хематоми, партнерот ја принудувал на секс
Четириесет и двегодишната жена од Босна и Херцеговина пријавила дека 46-годишниот партнер ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал. Случајот бил пријавен во полицијата на 5 и 10 ноември.
Четириесет и двегодишна жена од Босна и Херцеговина, која живеела во кратовско село, пријавила дека била изложена на семејно насилство од нејзиниот 46-годишен вонбрачен партнер И. Д., кој, според пријавата, ја принудувал на полови дејствија и физички ја напаѓал. По лекарските прегледи било утврдено дека жената е бремена и има хематоми на повеќе делови од телото.
Случајот бил пријавен во полицијата во два наврати. На 5 ноември 2026 година, по пријава во СВР Куманово, бил извршен службен разговор со двајцата партнери.
Жената тогаш изјавила дека го слушнала партнерот како разговара со други жени, по што побарала од него пари за да може да си замине. Тој одбил да ѝ даде пари, по што бил предупреден од полицијата, а жената била спроведена во Прифатниот центар за странци во Скопје за понатамошна постапка.
Неколку дена подоцна, на 10 ноември, во ОВР Кратово била примена нова пријава, овојпат од Националната мрежа против семејно насилство. Во неа било наведено дека И. Д., додека живееле во вонбрачна заедница, ја принудувал жената на полови дејствија и ја тепал.
По лекарските прегледи било констатирано дека жената е бремена, а на телото имала хематоми на повеќе места. Случајот е пријавен во полицијата.