НЕ СТИГНА ДО КРАЈОТ НА СВЕТОТ, ГО ПРЕГАЗИ КАМИОН Познатиот јутјубер велосипедист ја открил последната желба
Џин-ву починал на местото на несреќата. Неговата последна снимка, објавена по смртта, открива дека сакал да стигне до најјужниот дел на Јужна Америка.
Јужнокорејскиот јутјубер и авантурист Чо Џин-ву (33), кој со велосипед поминал илјадници километри низ светот, загина пред да ја оствари својата последна голема цел, да стигне до Ушуаја, на крајниот југ на Аргентина.
Неговото патување трагично завршило во боливискиот град Ел Алто, каде што во него удрил товарен камион. Возачот побегнал, но други возачи го стигнале и го предале на полицијата.
Несреќата се случила на 4 ноември, околу 9:30 часот, на авенијата „6 Март“. Според боливиската телевизија Унител, неколку возачи на јавен превоз го забележале бегството, го следеле камионот и успеале да го запрат.
Џин-ву починал на местото на несреќата. Возачот на камионот, 54-годишен маж, изјавил дека не го забележал велосипедистот пред судирот. Алкотестот покажал дека не бил под дејство на алкохол.
Судот му одредил домашен притвор, додека истрагата за околностите на несреќата продолжува.
Веста за смртта на јутјуберот ја потврдил неговиот постар брат, кој преку социјалните мрежи побарал разбирање и приватност за семејството.
„Со тешко срце ја споделуваме веста дека Џин-ву загина во сообраќајна несреќа во која учествуваше голем камион во Боливија“, напишал братот.
Семејството им се заблагодарило на следбениците за поддршката и побарало да не се шират шпекулации за несреќата.
Последното видео ја открило неостварената желба
Додека семејството се подготвувало да отпатува во Боливија, постариот брат на Џин-ву открил дека јутјуберот оставил уште едно завршено видео.
Снимката веќе била поставена на неговиот канал, со закажано објавување на 7 ноември, три дена по трагичната несреќа.
Во видеото Џин-ву го прикажува патувањето од Перу кон Боливија, подготовките на велосипедот и моментите кога пристигнува во земјата во која подоцна го загубил животот.
Тој открил дека планирал да продолжи на југ, сè до Ушуаја во Аргентина, град познат како „крајот на светот“.
Оттаму сакал да се врати во Јужна Кореја, со што би ја завршил својата голема велосипедска авантура.
Неговиот брат им предложил на следбениците да ја погледнат снимката како последен спомен од патувањата што Џин-ву ги споделувал со нив.
View this post on Instagram
36 европски земји за 523 дена
Чо Џин-ву го започнал својот канал „Jin’s Travel“ во 2020 година, објавувајќи снимки од велосипедските патувања низ светот.
Еден од неговите најголеми подвизи било патувањето низ Европа, кое траело 523 дена, од март 2022 до септември 2023 година.
За тоа време поминал приближно 23.200 километри и посетил 36 европски земји.
Подоцна патувал низ Африка и Северна Америка, а последната голема авантура му била велосипедската експедиција низ Латинска Америка.
На тоа патување минал низ Мексико и Перу, пред да пристигне во Боливија.
Неговиот канал собрал десетици илјади следбеници, кои преку видеата ги следеле неговите долги велосипедски патувања, средбите со локалното население и секојдневните предизвици на патот.