СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА МУ ГО СМЕНИЈА „МОЗОКОТ“ НА РОБОТОТ Прва задача, да не истура кафе врз лаптоп!

Тоа што истражувачите успеале е со една проста напишана реченица да го натераат роботот сам да ја смени логиката на извршување во својата електроника за да не истура кафе и да го заобиколува телефонот. Тестовите биле изведени во вирутелна средина.

0

Роботска рака носи шолја кафе над маса полна со предмети. Човек ѝ пишува да не истури кафе врз лаптопот, но раката го заобиколува и телефонот, иако никој не го спомнал. Ова е еден од експериментите што ги претстави Технолошкиот институт во Масачусетс.

Истражувачи од институтот и од Универзитетот во Њујорк го развиле системот ФЛЕКС, кој им овозможува на роботите да извлекуваат општи правила од конкретни човечки упатства.






Наместо да запомни само дека треба да го избегне лаптопот, системот заклучил дека кафето не смее да се истури врз електронски уреди. Затоа ја променил патеката и покрај телефонот.

Учесниците во експериментите ги внесувале командите писмено, користејќи секојдневен јазик. Роботот не добивал детални програмерски инструкции за секој предмет на масата.

Постарите пристапи им овозможувале на роботите да реагираат на поединечни забелешки. Ако човекот посочел предмет што треба да се избегне, системот го додавал на списокот со ограничувања.

Проблемот се појавувал кога списокот станувал сè подолг. Роботот можел да продолжи да избегнува и предмети што веќе не се наоѓале на масата.

ФЛЕКС работи поинаку. Истражувачите го користеле моделот GPT-4o за да ја протолкува човечката забелешка и да утврди кое пошироко правило произлегува од неа.

Во примерот со кафето, заедничката карактеристика на лаптопот и телефонот е тоа што станува збор за електронски уреди што можат да се оштетат од течност.

Откако ќе се извлече правилото, посебен систем за планирање на движењето пресметува како роботската рака да ја пренесе шолјата без да ги загрози предметите.

Истражувачите провериле дали истиот пристап функционира и во други ситуации.

Во еден тест роботската рака се движела во близина на запалена свеќа. Учесникот побарал да се држи подалеку од куп хартија, а системот го проширил предупредувањето и на други запаливи предмети.

Во друг експеримент раката пренесувала топка за куглање. Човекот предупредил да не ја испушти врз шолјата, но ФЛЕКС го применил истото правило и на други кршливи предмети.

Така роботот не морал да добие посебна команда за секој предмет што би можел да се оштети.

ФЛЕКС користи и компјутерски вид за да ја следи околината. Ако некој предмет биде отстранет, системот ја ажурира својата претстава за просторот и може да пресмета нова патека.

Ова е важно бидејќи роботот не работи само според првичниот распоред на предметите, туку ги зема предвид и промените што се случуваат додека ја извршува задачата.

Целиот процес на обработка на упатството и приспособување на движењето траел околу пет секунди.

Поврзани содржини