СЕ СОЗДАВА НОВ НАЈГОЛЕМ ИГРАЧ НА ПАЗАРОТ НА МАСЛИНОВО МАСЛО Две шпански компании ја купуваат најголемата светска компанија за производство на маслиново масло

Целта на ова партнерство е стабилизирање на пазарот, зголемување на глобалната потрошувачка на маслиново масло и обезбедување долгорочна сигурност за земјоделците и производителите во Европа

130

Конзорциумот формиран од конкурентските шпански производители  „Дкуп“ (Dcoop) и „Ацесур“ (Acesur) постигна договор за преземање на најголемата компанија во светот за производство на маслиново масло „Деолео“ (Deole) светот и сопственик на познатите брендови како Carbonell, Bertolli и Carapelli .

Зделката е вредна 520 милиони евра и ако се реализира ќе создаде нов голем играч на регионалниот пазар на маслиново масло. Тоа е бизнис што дополнително би ја зајакнал доминацијата на Шпанија во тој сектор.






Дкуп и Ацесур како што е најавено ќе имаат по 50% удел во „Деолео“.

Целта на ова партнерство е стабилизирање на пазарот, зголемување на глобалната потрошувачка на маслиново масло и обезбедување долгорочна сигурност за земјоделците и производителите во Европа.

Деолео ја потврди понудата која ја вклучува вредноста на компанијата и долгот од 520 милиони евра.

Dcoop претходно понудил 470 милиони евра за Deole.

– Оваа пресвртница го означува почетокот на нова фаза, заснована на цврсти темели и долгорочна визија, со цел да се продолжи со создавање вредност за секторот и сите наши засегнати страни“, изјави извршниот директор на „Деолео“, Кристобал Валдес.

Тие потсетуваат дека оваа вест доаѓа по сè поинтензивната борба за преземање на компанијата помеѓу Дкоп и мултинационалните компании, меѓу кои имаше и компании од Италија, Франција и Австралија.

Оваа спогодба ја задржува компанијата под шпанска сопственост, што беше голема грижа за тамошната влада со цел да се спречи светскиот лидер во оваа стратешка гранка да падне во рацете на странски инвеститори.

Веднаш по објавувањето на договорот, вредноста на акциите на Deoleo на берзата забележа остар пад од 19,9%, што е вообичаена реакција при консолидација и преземање на контролирачкиот пакет од пазарот

Шпанија е еден од водечките светски производители на маслиново масло, а цените на нејзиниот пазар често служат како глобална референтна вредност. Цените на маслиновото масло беа многу нестабилни во последните години поради големите флуктуации во понудата од сезона во сезона. Меѓу факторите што влијаеја на производството беа климатските промени, недостатокот на вода и штетниците и болестите.

Поврзани содржини