САД НЕ НАМЕТНАЛЕ ОГРАНИЧУВАЊА ЗА УКРАИНА НА СТАРЛИНК Трамп тврди дека ниту тој, ниту Маск не се одговорни за губењето на пристапот

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

51

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ниту тој ниту Илон Маск не се одговорни за губењето на пристапот до Старлинк од страна на Украина, што влијае на нејзините воени операции против Русија.

Намалувањето на услугите што ги обезбедува сателитската компанија на Маск ја прекина комуникацијата со украинската командата и предизвика пад на брзината на интернетот.






Западни медиуми вчера објавија дека Белата куќа го одобрила намалувањето на услугите на Старшилд, специјализираниот воен оддел на компанијата СпејсИкс.

– Никакви ограничувања за пристапот на Украина до системот Старшилд не се наметнати од САД – рече Трамп.

СпејсИкс го разви Старшилд специјално за владини корисници и за системот за национална безбедност, особено за Министерството за војна на САД. Старшилд ја користи сателитската констелација Старлинк како своја основа.

Трамп, исто така, рече дека има добри односи со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски денеска рече дека американскиот сателитски систем Старлинк, кој Украина го користи за соборување руски ракети, не бил исклучен, но дека неговата брзина била значително намалена, поради што не можеле да соборуваат дронови.

 

„АКО ПАДНЕМЕ, 20 МИЛИОНИ УКРАИНЦИ ЌЕ ДОЈДАТ ВО ЕВРОПА“ Зеленски бара пари, ракети и алтернатива за „Старлинк“

Поврзани содржини