Ѓаволска коалиција

Разбирам тој „договор“ да бил „танте за кукурику“ односно Македонија да ја пушти, да простите, шмизлана а Бугарија да го повлече ветото. Тоа веќе би бил сериозен договор и поголемиот дел граѓани би смогнале сили да премолчат една таква трампа. Но, да трампите едно девојчиште и тоа да биде „иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени“ е малку налудничаво, нели?

67

Во контекстот на онаа, да простите, инфантилна шмизла која се претвори во кукла од слама во рацете на нејзините новоизбрани „сонародници“ од источната страна на границата, малку е да се каже дека станува збор за скандалозен случај, непринципиелен однос, криминални постапки…, зашто сето тоа е преблаго за шурувањето на одредени локални поединци и групи со онаа хистерична националистичка бугарска машинерија. Затоа конструктот ѓаволска коалиција е, чинам, најреален за тоа меѓусоседско братско оро во коешто, покрај секогаш надобудни и прилично приглупи македонски „новинари“, „интелектуалци“, политиканти и останатата перманентно спремна братија, повторно и по којзнае кој пат како ороводци се појавуваат оние од сектана што го глуми некогашниот сдсм (малите букви се објективна состојба на нивната минорност на македонската политичка сцена).

И тоа двете „крила“: она „шемаџиското“ што се подметнува како некаква опозиција, а во случајов смислува небулозни приказни – или шеми, како сакате – за некакви меѓудржавни злосторнички заговори, и она „официелното“, со секојдневните малоумни измислици и изливи на бес и омраза кон власта, заборавајќи го притоа дури и своето не така дамнешното минато и улога во еден идентичен бандитизам. При што обете поткршени „крилја“ на групацијата само докажуваат дека се израстоци од едно исто тело и дека меѓу нив всушност и нема разлика!






Но, велат, кој со ѓаволот тикви сади…

Просто е неверојатно што сѐ смислуваат, па и изговараат, не против власта туку против својата држава, а во полза на „добронамерниот“ сосед кој ќе ги однесе во Европа. И сето тоа го говорат онака одлесно, бараат – тие бараат!? – докрај да се расчистел „скандалот со договореното пуштање на Ива Михаилова“, „со докази и со утврдување кривична и политичка одговорност“, „без театар“ но и без потерници и најави за притвор зашто можеби така ќе се открие што навистина се случило! И баш оние на кои безмалку им го убија претседателот на државата и носителот на членската книшка бр. 1 среде Скопје, оние на кои онака лефтерно им пребега преку неколку граници криминалецон од Будимпешта а тие не бараа(т) одговорност од тогашниот нивен шеф на МВР кој беше надлежен да ги обезбеди границите и кој и сега им седи во Парламентот…! Тогаш не бараа „Одговорност, од прв до последен“, ама сега – бараат!

Без срам, без морал, без етика…, се ставаат во служба не само на најцрни соседски сценарија туку и во полза на лице под кривичен прогон. Како да не гледаат со каква помпа и највулгарно дури и од највисоки политички инстанци – што е уште пофрапантно! – се „пумпа“ овој скандал кај источниот сосед, а контра Македонија. Ваквото срамно однесување на овој дел од македонската политичка опозиција претставува токму ѓаволска коалиција со најцрните антимакедонски сили во Бугарија и дава отворена поддршка на најбезобразното мешање во правниот систем на Македонија.

Покрај сѐ друго Бугарија сега кај нас ќе одлучува и кој треба а кој не да биде суден, и правосилно осуден?!

Оние пак кои се самопрогласија за некаква противтежа на Филипчевистичката хистерија во редовите на остатоците на сдсм, онаа „шемаџиска“ неартикулирана група која на почетокот како да остави впечаток на сериозност, сега смислува некакви ступидни сценарија за меѓудржавен договор-заговор, што пак македонската страна ќе го искористела за – предвремени избори! Извинете, но колку треба да сте глупави за да смислите такво нешто? Па кој нормален би поверувал во таа детска приказна?

Разбирам тој „договор“ да бил „танте за кукурику“ односно Македонија да ја пушти, да простите, шмизлана а Бугарија да го повлече ветото. Тоа веќе би бил сериозен договор и поголемиот дел граѓани би смогнале сили да премолчат една таква трампа. Но, да трампите едно девојчиште и тоа да биде „иницијална каписла за предвремени парламентарни избори, после кои техничката Влада задолжена за нивното организирање ќе влезе во процес на уставни измени“ е малку налудничаво, нели?

Или не е, но сепак: зошто на оваа власт би ѝ требала Бугарија за предвремени избори? А потоа со тоа да се „влезе во процес на уставни измени“? Тоа веќе не се тези ни од „малиот мозок“ туку изблици на глупост и отворено непријателство.

Ако од вакви политиканти Македонија утре треба да очекува некакви промени, реформи, развој… иднина, тогаш поарно нека си останат на таа „Платформа“ на седмиот колосек на македонската политика! Зашто, ако таквите групации во сите кризни мигови а заради некакви сомнабулни „идеолошки“ причини, по правило формираат ѓаволски коалиции и застануваат на погрешната страна, тогаш какви конзистентни политики можат државата и граѓанинот да очекуваат од нив?

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини