ГРАШО СЕ ПОШЕГУВА НА СМЕТКА НА ТАТКОТО НА СВОЈАТА СОПРУГА „Тој е уверен дека е господар на вселената, ние сме џуџиња“

Петар Грашо се пошегува на сметка на Тончи Хуљиќ, таткото на неговата сопруга Хана, нешто што е веќе редовно дел од нивниот меѓусебен однос, но ја откри и својата емотивна страна

232

Петар Грашо (50) настапи во белградскиот Сава центар, а по концертот не го криеше задоволството од атмосферата во салата. Сепак, меѓу темите за кои зборуваше по настапот особено се издвоија неговите семејни односи, плановите за нова музика и шегите на сметка на Тончи Хуљиќ (64).

Откри и дека веќе подготвува нови шеги за Хуљиќ, кои планира да ги искористи во текот на 2027 година. Притоа се осврна на тврдењето на Хуљиќ дека токму тој е заслужен за љубовните врски на неговата ќерка Хана и синот Иван со Грашо и Јелена Розга.
– Затоа што тој е убеден дека е господар на вселената! Тој поврза сè, значи, ние сме џуџиња. Неверојатен лик – се пошегувал пејачот.
Инаку, Грашо и Хуљиќ се познати по меѓусебните шеги, а пејачот објаснил дека нивните јавни прозивки не се знак за несогласување, туку дел од односот во кој, очигледно, уживаат и двајцата.
– Нашиот хумор се заснова на тоа што си правиме шеги еден на друг и што јавно, на симпатичен начин, се понижуваме. Тоа е нашата животна мисија – изјавил Грашо за српските медиуми.

 






Сепак, Грашо и Хуљиќ не ги поврзуваат само семејните врски и хуморот. Пејачот открил дека заедно подготвиле четири нови песни, но поради бројните настапи сè уште не успеале да најдат доволно време за работа во студио. Публиката би требало да ги слушне новите песни во текот на 2027 година. Според Грашо, тие ќе донесат нешто поинаков музички израз, но сепак ќе го задржат неговиот препознатлив стил.

Зад шегите и музичките планови се крие и помалку гламурозната страна на животот на пејачите – честите патувања и разделеноста од семејството. Сопругата на Грашо, Хана Хуљиќ Грашо, и нивните деца не му се придружиле на концертот во Белград, а пејачот признал дека ќерка си Алба не ја видел дури девет дена.

Иако секојдневно се во контакт преку видеоповици, тоа не може да му ги надомести заедничките моменти дома.

– Ми недостигаат тие моменти кога таа едноставно ќе легне покрај мене и кога ќе заспиеме – признал тој.

Петар и Хана се венчаа во 2022 година и имаат две деца. Нивната љубовна приказна е интересна и затоа што соработувале на музички проект уште пред да станат пар.

Поврзани содржини