УАПСЕН КОНДОВЕЦ БАРАН ЗА ТЕРОРИЗАМ На „Блаце“ го чекале две меѓународни потерници

Четириесет и тригодишниот Ф. Т. бил баран за издржување две затворски казни од по осум години – едната за тешки дела против општата сигурност, а другата за тероризам.

100

Четириесет и тригодишен жител на скопското село Кондово е уапсен на граничниот премин Долно Блаце, при влез во Македонија. За него биле распишани две централни и меѓународни потерници, по наредби на Основниот кривичен суд Скопје.

Станува збор за Ф. Т. (43), кој бил баран за издржување две затворски казни од по осум години.






Според Министерството за внатрешни работи, едната потерница се однесувала на казна затвор од осум години за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“, предвидено во член 288, став 3 од Кривичниот законик.

Втората потерница била распишана за издржување осумгодишна затворска казна за кривично дело „тероризам“, според член 313 од Кривичниот законик.

„Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа“, соопштија од МВР.

Поврзани содржини