МАСОВНИ РУСКИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РЕГИОНОТ КИРОВОГРАД Експлозиите не престанале 10 часа!

Нападнати се логистички центри, магацини, станбени згради, како и транспортната инфраструктура во регионот, при што избувнаа пожари, соопшти Службара за цивилна заштита на Украина.

0

Три лица загинаа, а шест се повредени во најновите руски напади со дронови, што траеја повеќе од 10 часа во централниот украински регион Кировоград, соопшти денеска украинската служба за цивилна заштита на „Телеграм“.

ДПА, цитирајќи ја службата за цивилна заштита, наведува дека нападнати се логистички центри, магацини и станбени згради во регионалниот центар Кропивницки. Исто така, нападната е и транспортната инфраструктура во регионот, при што избувнаа пожари.






Во соседниот Полтавски регион, со дронови се нападнати постројки за производство на гас, наведе државната енергетска компанија „Нафтогас“, од каде што соопштија дека е оштетена опрема и дека производството е привремено запрено. Нема повредени вработени.

Во текот на изминатата ноќ, руската војска употреби 580 беспилотни летала од различни типови и два проектила против цели во Украина, претходно соопштија украинските воздухопловни сили, додавајќи дека 536 од нив биле навремено пресретнати. Меѓутоа, регистрирани се удари на 31 локација, а од пад на остатоци од леталата предизвикани се штети и на 11 други локации, пренесува ДПА.

Поврзани содржини