И БРАТОТ НА ПАПАТА ЛАВ 14 СЕ БОРИ СО РАК Луис Превост се лекува од мултипен миелом

53

Еден од постарите браќа на папата Лав XIV исто така се лекува од рак.

Луис Превост, кој живее во Флорида, се лекува на клиника за мултипен миелом, изјави неговата сопруга Дебора Превост за американската телевизија Си-Би-Ес, по дијагнозата за рак на белите дробови на понтифот.






Мултипениот миелом е облик на рак на крвта кој ја зафаќа коскената срж и производството на крвни клетки.

Според Германската помош за борба против ракот, болеста предизвикува невообичаени промени во плазма-клетките, кои се дел од имунолошкиот систем на телото. Нејзината точна причина останува нејасна, иако постарата возраст е меѓу факторите на ризик. Вообичаени симптоми и компликации вклучуваат болки во грбот, анемија и оштетување на бубрезите.

Папата вчера беше подложен на операција на белите дробови во Рим, по што лекарите соопштија дека 71-годишниот поглавар на католичката црква има рак на белите дробови.

Неговиот брат Луис (74) за првпат бил дијагностициран со рак во 2017 година. Тој бил подложен на третман со матични клетки во 2019 година, по што болеста останала под контрола долг период.

Превост не изнесе детали за моменталната состојба на нејзиниот сопруг.

Двајцата браќа разговарале минатата недела, изјави Дебора Превост.

– Се јави за да нè извести што ќе се случува. Продолжуваме да се молиме и да го одржуваме духот за двајцата – изјави таа за Си-Би-Ес.

Таа рече дека не знае како е папата, чие крстено име е Роберт Френсис Превост, по неговата операција.

ПАПАТА ЛАВ 14 ИМА РАК НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ Отстранет му е долниот дел од десното белодробно крило

Поврзани содржини