ЗА 6 ЧАСА КАЗНЕТИ 128 ВОЗАЧИ, 102 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ Акција на МВР во Скопје

Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.

33

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје вчера од 06:00 часот до 22:00 часот на подрачјето на Град Скопје спроведе акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР на својот профил на Фејсбук.

„Притоа од страна на полициските службеници изречени се 102 санкции. За време на сообраќајната контрола изречени се и 26 останати мерки од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Сите прекршители на сообраќајните правила и прописи ќе се соочат со законски предвидените глоби.






Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“ – се веи во објавата на МВР.

Поврзани содржини