Денеска (понеделник) во 04:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред ноќен клуб на подрачјето на Центар во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 29-годишниот А.Т. и 20-годишната И.С., двајцата од Скопје.
И.С. се однесувала и агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.