ПРВА КИНЕЗИНКА ШТО ГО ОСВОИ МАСТЕРСОТ ВО ПЕКИНГ Кинвен Женг влезе на турнирот со вајлд карта и ја совлада Мира Андреева во финалето

58

Кинвен Женг од Кина е првата тенисерка од Кина која успеа да го освои Мастерсот 1000 во Пекинг откако денеска ја совлада Мира Андреева со 2-0 во сетови (7:5 и 6:4). Таа освои 1.000 поени и парична награда од 1.151.380 американски долари.

Нејзиниот успех е уште поголем ако се знае дека во првиот сет успеа да спаси три сет топки, а потоа имаше серија од 11 поени и сетот го освои со 7:5 во гемови. Вториот сет го доби со 6:4, а мечот траеше 103 минути.






Ова беше нејзина прва титула по 2024 година и на турнирот настапуваше со „вајлд карта“. Победата треба да ѝ донесе пласман на третата позиција на ВТА листата.

Поврзани содржини