ХИТЛЕР МУСОЛИНИ ИЗБРАН ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПЕРУ Името Хитлер го носат и други перуански политичари

Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име.

98

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка.

Кандидатот на централно-левичарската партија Ахора Насион освои 34 проценти од гласовите. Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати била само 42 гласа.






Неговата кандидатура не дава многу детали, ниту објаснување за необичното име. Постои само информација дека Мусолини управува со инвестициската група Симеон Сак.

Ова не е прв пат политичар со име Хитлер да се појави на избори. Во Перу во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Хунгар.

– Јас сум добриот Хитлер – изјави тогаш Алба за време на кампањата.

Во Намибија, пак, од друга страна, Адолф Хитлер Унона беше избран петти пат по ред на локалните избори минатата година.

– Како дете, тоа име ми се чинеше сосема нормално – изјави Унона за Би-Би-Си.

Поврзани содржини