ВНУКАТА НА ПРИНЦЕЗАТА ДИЈАНА УЖИВА ВО ДУБРОВНИК Лејди Амелија Спенсер и сопругот споделија фотографии од одморот во Хрватска
Лејди Амелија Спенсер и Грег Малет уживаат во романтичен одмор во Дубровник, каде што покрај капењето и сончањето, разгледувале знаменитости, играле шах и возеле кајак.
Внуката на покојната принцеза Дијана, Лејди Амелија Спенсер (34), за романтичното патување со сопругот Грег Малет ја избра Хрватска, а на социјалните мрежи сподели фотографии од престојот во Дубровник.
Британската аристократка и манекенка објави низа фотографии од југот на Хрватска, откривајќи дека со сопругот уживала во морето, сонцето и разгледувањето на дубровничките знаменитости.
– Во потрага по сонцето – напиша Амелија покрај објавата која го привлече вниманието на нејзините следбеници.
На една од фотографиите таа позира покрај кристално чистото море во светлосин бикини, а сподели и романтични моменти со сопругот. Двојката разменува бакнежи за време на зајдисонцето, а заедно позираат и на плажа.
Не ја пропуштија ниту познатата дубровничка плажа Бање, каде што Грег уживал во капењето и сончањето. Од фотографиите се гледа дека слободното време го поминувале со Аперол шприц и партија шах, додека Грег ја искористил можноста и да вози кајак.
Вљубената двојка ги посетила и историските знаменитости на Дубровник, а според фотографиите што ги објави Амелија, престојот на хрватското крајбрежје очигледно им годел.
View this post on Instagram
Лејди Амелија е ќерка на Чарлс Спенсер, помладиот брат на покојната принцеза Дијана, и поранешната манекенка Викторија Аиткен. Таа има сестра близначка Елиза, а и двете имаат успешни манекенски кариери. Тие се братучетки на принцовите Вилијам и Хари.
Амелија го запознала сопругот Грег, кој денес работи како личен тренер, во 2009 година додека студирале на Универзитетот во Кејп Таун. По 11 години врска, Грег ја запросил во 2020 година, а во март 2023 година се венчале на раскошна свадба во Јужноафриканската Република.
За таа пригода Амелија носела специјално изработена венчаница од модната куќа Версаче, за чија изработка биле потребни повеќе од два и пол месеци. Интересно е што нејзиниот татко, грофот Спенсер, кој во последните недели повторно е во центарот на вниманието поради книгата „Лебедова песна: Дијана, мојата сестра“, не присуствувал на нејзината свадба, исто како што не присуствувал ниту на свадбата на нејзината постара сестра Кити.
По свадбата, Грег не ја крие љубовта кон сопругата.
– Мојата љубов кон Амелија повторно се роди. Секој ден сè повеќе се вљубувам во оваа прекрасна личност која е покрај мене – изјавил тогаш за списанието „Хелоу!“.
Амелија и нејзината сестра Елиза пораснале во Јужноафриканската Република, а во 2021 година се преселиле во Лондон, каде што продолжиле да ги градат своите кариери во светот на модата. Соработувале со бројни луксузни брендови и се појавувале на насловните страници на престижни модни списанија.