ПОЖАР ВО КАМП-ПРИКОЛКА КАЈ ОХРИД Двајца повредени при гаснењето
Двајцата повредени се пренесени во Општата болница во Охрид, а полицијата изврши увид по овластување на јавен обвинител.
Двајца мажи се повредени во обид да изгаснат пожар што избувнал во камп-приколка во авто-камп на охридското крајбрежје.
Пожарот избувнал на 4 октомври околу 22:35 часот, кога во СВР Охрид било пријавено дека гори камп-приколка сопственост на З.К.(44) од Скопје.
При обидот пожарот да биде изгаснат со противпожарни апарати, со повреди се здобиле З.К. од Охрид и И.Ж.(32) од Битола. Двајцата биле пренесени во Општата болница во Охрид.
По овластување на јавен обвинител, полициски екипи извршиле увид на местото. Од МВР велат дека по целосното документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.