СТУДЕНО УТРО, А ПОТОА ВИСОКИ 27 СТЕПЕНИ Голема температурна разлика низ Македонија

Ведро и студено утро, а потоа сончево време со мала до умерена облачност. Температурите во земјава ќе се движат од -2 до 27 степени.

38

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, а во текот на денот сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 степени во Берово до 7 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 17 степени во Маврово до 27 степени во Гевгелија.






Во Скопје ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 3 до 25 степени.

Во недела повторно се очекува ведро и студено утро. Во текот на денот времето ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 9 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 20 до 29 степени.

Според прогнозата на УХМР, во понеделник утрото ќе биде ведро и студено. Во текот на денот ќе биде сончево, со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните утрински температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 29 степени.

Поврзани содржини