ИМА ЛИ КОМУНИКАЦИЈА МЕЃУ ЗАЕВ И РАДЕВ? Петрушевски предупредува за договор за ново предавство
Филипче вели - прво Бугари во Устав, па сè друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, кој е познат како личност која се спротивставува на сè, само колку да биде против сè што е корисно за граѓаните и државата, исто така е познат, заедно со неговиот другар и учител Зоран Заев, и како предавник, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Филипче вели – прво Бугари во Устав, па сè друго. Добро знаеме дека предавничкиот момент им е карактеристика, но ова укажува дека е на повидок договор за ново предавство. Ова отвора низа дилеми и прашања, меѓу кои главното е тоа дали има комуникација помеѓу Румен Радев и Зоран Заев? Потоа следи и прашањето зошто Филипче не зборува за заштита на македонскиот идентитет – рече Петрушевски.
Јавноста заслужува да знае дали навистина зад овој став на Филипче е некој нов бизнис договор, додаде тој,
– И додека талогот од СДСМ и Филипче и неговиот учител знаат само да продаваат сè македонско за да им поминуваат бизнис интересите, ВМРО-ДПМНЕ има јасен став. ВМРО-ДПМНЕ е за Македонија во ЕУ, но не прифаќа ништо што се прави под диктат од официјална Софија. Затоа, и на поканата од креаторот на бугарското вето, Красимир Каракачанов, кон претседателот Христијан Мицкоски да присуствува во Софија на пречекот на останките на Цар Самуил, одговорот е јасен – адресата е погрешна, поканата треба да оди на адресата на Заев и на Филипче – рече Петрушевски.