ПОЧИНА БИЉАНА ПЛАВШИЌ, ПОРАНЕШНА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА РЕПУБЛИКА СРПСКА Беше единствената жена осудена за воени злосторства во Хаг
Хашкиот трибунал издаде обвинение против неа во 2000 година, обвинувајќи ја за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Плавшиќ доброволно се предаде на судот во 2001 година, беше осудена на 11 години затвор и отслужи две третини од казната во женски затвор во Шведска.
Поранешната претседателка на Република Српска, Билјана Плавшиќ, осудена од Хашкиот судза воени злосторства извршени за време на војната во Босна и Херцеговина, почина утрово во Белград на 96-годишна возраст.
Плавшиќ беше една од клучните политички фигури на српското раководство во БиХ во текот на првата половина на 1990-тите.
Таа единствената жена осудена за воени злосторства во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во Хаг.
Пред нејзиното политичко ангажирање, таа беше универзитетски професор по биологија во Сараево, а во политиката влезе пред распадот на Југославија како член на Српската демократска партија (СДС). Заедно со Радован Караџиќ и со Момчило Краишник, таа стана една од водечките фигури на бунтовничките босански Срби и потпретседател на Република Српска.
За време на војната во Босна и Херцеговина, таа беше позната по своите екстремни националистички ставови, отворено застапување на етничко чистење и изјави за наводната „генетска деформација“ на несрпското население. Во историјата беше запишана и по тоа што топло го поздрави и го бакна воениот злосторник Жељко Ражнатовиќ Аркан во градот Бијелина во 1992 година.
По потпишувањето на Дејтонскиот договор и меѓународниот притисок што доведе до оставка на Радован Караџиќ, Плавшиќ ја презеде функцијата претседател на Република Српска во 1996 година.
Потоа влезе во отворен конфликт со тврдата струја на Караџиќ во Пале, го премести политичкиот центар на Република Српска во Бања Лука и, со поддршка на меѓународната заедница, го основа Српскиот народен сојуз и кратко соработуваше со поумерени политички опции, вклучувајќи го и Милорад Додик, кого потоа го номинираше за премиер.
Хашкиот трибунал издаде обвинение против неа во 2000 година, обвинувајќи ја за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војување. Плавшиќ доброволно се предаде на судот во јануари 2001 година.
Пресвртница во постапката се случи во октомври 2002 година, кога таа постигна договор со обвинителството: се изјасни за виновна за прогонства врз политичка, расна и верска основа како злосторство против човештвото, додека обвинителството ги отфрли преостанатите обвиненија, вклучително и обвинението за геноцид. Таа изрази каење пред судсечкиот совет, наведувајќи дека прифаќа целосна одговорност за страдањата на несрпското население предизвикани од нејзиното раководство.
Во февруари 2003 година, таа беше осудена на 11 години затвор и ја отслужи казната во женскиот затвор Хинсеберг во Шведска. Откако отслужи две третини од казната, таа беше условно ослободена во октомври 2009 година, во согласност со шведските прописи.
По нејзиното ослободување од затвор се повлече во Белград. Во подоцнежните јавни настапи и мемоари го намали значењето на нејзиното признание на вина во Хаг, тврдејќи дека тоа го сторила од прагматични причини и за да постигне спогодба, со што го поништи претходно изразеното каење.
Во 1996 година, откако беше издадено обвинението од Хаг и под силен притисок од меѓународната заедница, таа ја потпиша одлуката за отстранување на Ратко Младиќ од функцијата командант на Генералштабот на Армијата на РС, а подоцна тврдеше дека се кае за тој потег.
Таа му остана лојална на осудениот воен злосторник до крајот на својот живот. Откако Младиќ почина во притвор во Хаг, додека отслужуваше доживотна казна затвор за геноцидот во Сребреница, 96-годишната Плавшиќ изјави за медиумите во Република Српска дека „се чувствува ужасно“ поради неговата смрт, велејќи дека Младиќ „беше добар човек“ и дека таа „секогаш била на негова страна“.