НА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОЧНУВА НОВАТА СТУДИСКА ГОДИНА Се одржува првиот академски час за околу 53.500 студенти
Во Македонија има околу 20 универзитети, а на додипломски студии годишно студираат околу 53.500 студенти. Од нив 46.925 биле редовни, а околу 6.600 вонредни. Околу 13.800 се нови бруцоши, односно студенти што за првпат се запишуваат на прва година.
На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.
Во Македонија има околу 20 универзитети, а на додипломски студии годишно студираат околу 53.500 студенти. Од нив 46.925 се редовни, а околу 6.600 вонредни. Околу 13.800 се нови бруцоши, односно студенти што за првпат се запишуваат на прва година.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје првиот академски час ќе се одржи на платото на УКИМ, со почеток во 10 часот, каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
Прв академски час ќе се одржи и на универзитетите „Св. Климент Охридски“ во Битола, „Гоце Делчев“ во Штип, Државниот универзитет во Тетово и „Мајка Тереза“ во Скопје, на „Св. Апостол Павле“ во Охрид.
На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска. На првиот академски час на универзитетот во Штип ќе присуствува и ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски.
Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав се запишани вкупно 8.851 бруцоши во новата академска година. На овој универзитет во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23.400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.
Од оваа академска година УКИМ има и ново раководство предводено од староновата ректорка Биљана Ангелова, која на изборите во мај доби нов тригодишен мандат (15 септември 2026 – 15 септември 2029).