17-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВО СКОПЈЕ ПО ПРИЈАВА ЗА СИЛУВАЊЕ Пријавениот го демнел 15-годишното девојче и ѝ барал експлицитни снимки

По пријавата од мајката на 15-годишната девојка, полицијата го лишила од слобода 17-годишникот, а според пријавата тој потоа продолжил да ја демне и да бара од неа експлицитни снимки.

74

17-годишник од Скопје е лишен од слобода откако 40-годишна жена пријавила дека тој извршил обљуба врз нејзината 15-годишна ќерка.

Случајот бил пријавен во полиција, по што вчера, 29 септември, околу 16 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетникот.






Според пријавата, по настанот 17-годишникот продолжил да ја демне малолетничката и од неа барал да му испраќа експлицитни фотографии и снимки.

Од МВР информираат дека случајот се расчистува и дека по неговото целосно документирање ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини