ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА РАЗГОВАРАМЕ, НАШИТЕ АРГУМЕНТИ СЕ ЈАСНИ Мицкоски за темите што ги кочат евроинтеграциите
А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот да најдеме решение – рече Мицкоски.
Одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од страна на опозицијата за кочењето на евроинтегративниот пат и дали ќе се отвори ова прашање на утрешната средба со Урсула Фон Дер Лајен, премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека е подготвен да разговара, а ставовите на опозицијата ги нарече „сѐ порадикални“.
– Па добро ние сме го кажале ставот многу пати до сега по тоа прашање. Јас немам што да додадам на тоа што сум го кажал и не знам дали понекогаш вреди да се коментира ставот на опозицијата којашто секој ден е, би рекол, сѐ порадикален и личи како да се дојдени од некоја Али-експрес испорака на некоја друга опозициска партија. Така што тој дел од опозицијата, не би сакал да го коментирам. А нашиот став е јасен, нашите аргументи се јасни, ние сме подготвени да разговараме, да дебатираме и да на крајот од денот да најдеме решение – рече Мицкоски.