МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО СВЕТОТ ПО БРОЈОТ НА ПУШАЧИ Пушат речиси четворица од десет возрасни
Македонија е на врвот на светското рангирање според уделот на пушачи, со 39,5% од населението над 15 години. Веднаш зад неа се Тимор и Либан, додека високо на листата се и соседните Бугарија, Србија и Црна Гора.
Речиси четворица од 10 жители на Македонија постари од 15 години пушат, со што земјата има највисока стапка меѓу државите опфатени со рангирањето што го објави World of Statistics, повикувајќи се на податоци од World Population Review.
Македонија е на првото место со 39,5%, а веднаш зад неа е Тимор со 38,2%.
Следува Либан со 37,2%, додека Бугарија и Србија имаат по 35,8%. Црна Гора е исто така високо на листата со 33,6%.
Меѓу земјите со голем удел на пушачи е и Хрватска со 32%. Индонезија и Турција се со околу 30%, а ист процент во доставеното рангирање е наведен и за Франција.
Унгарија е со 28%, додека Шпанија е на 18. место со 25% пушачи.
