БАРАЊА ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИ СУБВЕНЦИИ СЕ ПОДНЕСУВААТ ДО 30 СЕПТЕМВРИ Серафимовски потсети дека постапката е електронска

За полесно информирање и користење на електронскиот систем, подготвен е Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година, во кој се објаснети мерките, условите, висината на поддршката, потребните обврски и постапката за поднесување и следење на барањата.

40

-До 30 септември земјоделците можат да ги поднесат барањата за субвенции за 2026 година, информира на Фејсбук министерот за земјоделство Борче Серафимовски.

Барањата се поднесуваат електронски преку системот на веб-страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Земјоделците можат самостојно да го поднесат барањето или да побараат помош во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.






За полесно информирање и користење на електронскиот систем, подготвен е Водич за директните плаќања во земјоделството за 2026 година, во кој се објаснети мерките, условите, висината на поддршката, потребните обврски и постапката за поднесување и следење на барањата.

Поврзани содржини