ЕВРОПА ЌЕ ГИ ВРАЌА МИГРАНТИТЕ ВО АФРИКАНСКА ДРЖАВА Центарот ќе профункционира во 2027 година

Министерот за миграција и азил на Грција Танос Плеврис вели дека веќе е одбрана и одредена африканската држава каде што ќе биде центарот за враќање на мигрантите, но засега не може да открие за која земја се работи.

132

Сметаме дека се отвора рамката за време на грчкото претседателство со Европската Унија да функционира „return hub“, односно центар за враќање на мигранти во земја во Африка, рече министерот за миграција и азил на Грција, Танос Плеврис во интервју за грчка телевизија.

Плеврис објасни дека веќе е одбрана и одредена африканската држава каде што ќе биде центарот за враќање, но засега не може да открие за која земја се работи.






Министерот истакна дека целта е да почне да функционира за време на грчкото претседателство со ЕУ во втората половина на 2027 година.

Во четврток петте земји од „Core Group“ што ја промовираат оваа инцијатива, односно Германија, Холандија, Данска, Австрија и Грција, ќе одржат нов состанок, а ќе присуствува и директорката на Меѓународната организација за миграција.

Плеврис се осврна и на грчката позиција за вонредниот механизам за поддршка, иницијатива на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, која, според министерот, е прифатена и од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

– Го користиме нашето искуство од Еврос кога беше спречено да се случи она што се случи во Сеута и тоа е важно. Им објаснуваме на Европејците дека во моменти на криза треба да се преземаат мерки надвор од вообичаената рамка. Овие мерки се однесуваат на зголемен надзор и суспендирање на постапката за азил . Во случаите кога имаме инструментализација, а тоа го искусивме со масовните миграциски бранови кои тогаш ги спречивме, не само што не треба да се разгледува барањето за азил, туку треба директно да се издаде решение за враќање и да се спроведе итно враќање – објасни Плеврис.

Додаде дека оваа позиција официјално ќе биде претставена во четврток на состанокот на Советот за внатрешни работи на ЕУ во Луксембург.

Поврзани содржини