ВСЕЛЕНАТА КАКО НОВ АИ ЦЕНТАР ЗА ПОДАТОЦИ Гугл ќе лансира експериментален сателит

Експерименталниот сателит „MVP“ ќе носи четири TPU-чипови на Гугл, а проектот „Suncatcher“ треба да покаже дали AИ-компјутерите еден ден би можеле да работат во орбитата.

0

На 1 октомври Гугл ќе го лансира својот прв експериментален сателит опремен со чипови за вештачка интелигенција. Тоа е првиот конкретен чекор во рамките на проектот „Suncatcher“, со кој технолошкиот гигант тестира дали еден ден вештачката интелигенција би можела да се користи во центри за податоци во орбитата, кои би се напојувале директно со сончева енергија.

Сателитот, со големина приближно колку фрижидер, наречен „MVP“, ќе биде лансиран со ракетата „Falcon 9“ на „SpaceX“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, објави „Њујорк тајмс“.






Лансирањето ќе се случи неколку месеци порано од првично планираното. Гугл претходно објави дека прототиповите, развиени во соработка со „Planet Labs“, требало да бидат лансирани на почетокот на 2027 година.

Станува збор за технолошки тест, а не за вистински центар за податоци во орбитата. „MVP“ ќе биде опремен со четири „TPU“-чипови на Гугл, кои заедно имаат приближно онолкава компјутерска моќ колку еден сервер во центар за податоци.

Поврзани содржини