КАРИПСКИТЕ ЗЕМЈИ ЌЕ БАРААТ РЕПАРАЦИИ ОД ВЕЛИКА БРИТАНИЈА Зa 300 години колонијално ропство ќе бараат повеќе билиони долари отштета
Група од 15 карипски земји, вклучувајќи ги Јамајка, Барбадос и Тринидад и Тобаго, веќе најави дека ја разгледува можноста за трилиони долари финансиски побарувања. „Не сакаме никого да банкротираме, но сакаме правда“, рече Мотли, премиерката на Барбадос.
Карипските земји планираат да бараат билиони долари отштета од Велика Британија за последиците од околу 300 години ропство и трансатлантската трговија со луѓе. Покрај финансиските побарувања, Обединетото Кралство би можело да се соочи и со меѓународни правни дејствија поради историското наследство на ропството, објавува „Дејли меил“.
Се очекува прашањето да се дискутира во ноември на самитот на Комонвелтот во Антигва, на кој ќе присуствува и кралот Чарлс Трети.
КАРИКОМ, група од 15 карипски земји, вклучувајќи ги Јамајка, Барбадос и Тринидад и Тобаго, веќе најави дека ја разгледува можноста за билиони долари финансиски побарувања.
„Се подготвуваме да ги ставиме репарациите на дневен ред на 28-от состанок на шефовите на влади на Комонвелтот“, потврди КАРИКОМ.
Сепак, Лондон категорично ја отфрли можноста за исплата на отштета.
– Трансатлантската трговија со робови беше одвратна. Целосно ја препознаваме силата на сентименталноста. Ставот на Велика Британија е јасен – ние не плаќаме и нема да плаќаме отштета. Велика Британија е посветена на продолжување на дијалогот со сите наши партнери за наследството од минатото – изјави британски владин претставник.
Барбадос размислува да покрене постапка пред Меѓународниот суд на правдата на ООН. Премиерката на земјата, Миа Мотли, веќе формираше технички комитет за собирање економски податоци за штетата предизвикана на земјата од ропството.
– Не сакаме никого да банкротираме, но сакаме правда – рече Мотли.
Таа, исто така, ја отвори можноста дека каква било компензација може да се исплати во фази., објаснувајќи дек тоа би било слично на начинот на кој британската влада ги обесштетуваше поранешните сопственици на робови во минатото.
Карипските земји, исто така, разгледуваат други форми на репарации – како што се инвестиции во здравството, образованието и регионалниот развој, наместо директни финансиски плаќања.
Барањето може да се базира на Конвенцијата на ООН за елиминација на сите форми на расна дискриминација, која предвидува компензација во одредени околности. Според публикација од 2026 година, Комитетот на ООН за елиминација на расната дискриминација посочи дека механизмите за компензација би можеле да се разгледаат и во однос на последиците од историското ропство.
Сепак, спорот би бил правно сложен, бидејќи се однесува на настани што се случиле пред многу генерации и на прашањето до кој степен современите држави можат да бидат одговорни за постапките на претходните влади и институции.
Генералното собрание на ООН усвои резолуција со која трансатлантската трговија со робови се дефинира како „најсериозно злосторство против човештвото“. Документот беше поддржан од 123 земји. САД, Израел и Аргентина гласаа против, а 52 земји се воздржаа, вклучувајќи го и Обединетото Кралство.
Историчарите проценуваат дека помеѓу 15 и 19 век, помеѓу 12 и 15 милиони луѓе биле насилно земени од Африка и транспортирани во Америка. Повеќе од 2 милиона починале за време на патувањето низ Атлантскиот Океан.