ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ПАРТНЕР НА ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „Оливер Соколов – Сокол“ по 22 пат ги обединува љубителите на фудбалот

0

Во тек е 22. издание на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов – Сокол“, традиционален спортски настан кој секоја година ги обединува љубителите на фудбалот, младите спортисти и локалната заедница.

Турнирот традиционално започнува на 1 септември, со натпреварите на игралиштето „Сокол“. Видеолотарија Касинос Австрија и годинава обезбеди поддршка за турнирот.






– Со ова партнерство, уште еднаш ја потврдуваме својата определба за поддршка на спортот, спортските вредности и создавањето можности младите да бидат дел од позитивни, активни и инспиративни средини – велат од компанијата.

– Огромна благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за довербата, континуитетот и силната поддршка. Поддршката од компании кои препознаваат колку спортот значи за младите и за заедницата е исклучително важна за турнирот да продолжи да расте и да ја гради својата традиција – истакнуваат организаторите.

За Видеолотарија Касинос Австрија, партнерството е дел од стратегијата за општествена одговорност и континуирана поддршка на спортот. Со поддршката на ваквите настани, придонесуваме во создавањето средина во која спортот и младите имаат свое заслужено место.

Поврзани содржини