УДРИЛ ВО КУЧИЊА, ПА ВО БАНКИНА, АВТОМОБИЛОТ СЕ ЗАПАЛИЛ Загина возач на патот Охрид-Кичево

Телото е предадено во Судска медицина за да се утврди идентитетот на загинатиот човек.

2

На магистралниот пат Охрид-Кичево патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило, соопшти полицијата.

СВР Охрид ја добил пријавата за несреќата синоќа (среда) во 23:30 часот.






Екипите на Територијалната противпожарна единица Охрид го изгаснале пожарот, а во возилото е пронајдено телото на загинатиот возач. По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на загинатиот човек.

За време на увидот што го извршија јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.

Поврзани содржини