📽️ ПРВОТО УЧИЛИШНО ЅВОНЧЕ ВО ВЕЉУСА ОДЕКНА ЗА САМО ЕДЕН УЧЕНИК Градоначалникот на Струмица го посети единствениот првооделенец

Единствениот првооделенец во Вељуса вчера го започна основното образование, додека учениците од шесто до деветто одделение продолжуваат со настава во Струмица со обезбеден организиран превоз.

100

По повод првиот училишен ден, градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, вчера ја посети Вељуса, каде заедно со наставниците и родителите му посакаа на единствениот првооделенец успешен почеток на неговото основно образование.

– Секоја промена носи емоции, особено кога станува збор за нашите деца. Најважно е тие да имаат добри услови за образование, да учат, да се развиваат и да имаат можност да бидат дел од средина во која ќе стекнуваат нови знаења и другарства. Како Општина, наша обврска е да обезбедиме поддршка и еднакви можности за секое дете, без разлика каде живее – истакна Јанков.

 






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Plusinfo.mk (@plusinfo.mk)

Посетата доаѓа во период кога во подрачното училиште во Вељуса наставата за учениците од повисоките одделенија повеќе нема да се реализира како досега.

За учениците од шесто до деветто одделение е обезбеден организиран превоз до ООУ „Сандо Масев“ во Струмица, каде ќе продолжат да ја следат наставата.

Од Општина Струмица информираат дека наставниот кадар ќе го задржи својот работен ангажман согласно законските можности, додека локалната самоуправа останува посветена на обезбедување соодветни услови за учениците и наставниците.

По повод почетокот на новата учебна година, Јанков упати честитка до сите ученици, наставници и родители, со порака дека општината ќе продолжи да вложува во образованието.

– Ќе продолжиме да ги носиме потребните одлуки и да вложуваме таму каде што се најпотребни – во нашите деца и во нивната иднина – порача градоначалникот Петар Јанков.

Поврзани содржини