СЕ СУДРИЈА ТОВАРНИ БРОДОВИ КАЈ ИСТАНБУЛ, ЕДНИОТ ВЕДНАШ ПОТОНА Се трага по 10 морнари во Мраморното Море
Бродот „Алсу“ што пловел кон егејското пристаниште Алијага и бродот „Тугберк Имамоглу“ што се движел кон црноморското пристаниште Карадениз Ерегли, се судриле во близина на истанбулската населба Силиври.
Два трговски брода што пловеа под турско знаме се судрија ноќеска во Мраморното Море во близина на Истанбул, а со едниот од бродовите е изгубен контакт, соопшти Кабинетот на гувернерот на Истанбул.
Бродот „Алсу“ што пловел кон егејското пристаниште Алијага и бродот „Тугберк Имамоглу“ што се движел кон црноморското пристаниште Карадениз Ерегли, се судриле во близина на истанбулската населба Силиври.
На местото на несреќата се испратени бродови на крајбрежната стража и хеликоптери за пребарување и спасување. На „Алсу“ нема видливи оштетувања, но властите не успеале да воспостават контакт со „Тугберк Имамоглу“ и неговите 10 членови на екипажот. Според одредени извештаи „Тугберк Имамоглу“, кој превезувал челик, потонал неколку минути по судирот.
Според податоците на Истанбулската стопанска комора за поморска трговија, „Тугберк Имамоглу“ во сопственост на компанијата „Зејбе Денизџилик“, е брод за превоз на расфрлен товар, додека „Алсу“ е танкер за транспорт на хемиски материјали.
Потрагата и спасувачката операција се во тек.