СВЕТСКИТЕ МОДНИ ЅВЕЗДИ ЈА ОСВОИЈА МАКАРСКА Живанши ги донесе Ева Херцигова, Лиу Вен и Каја Гербер на Јадранот

Модната куќа Живанши (Givenchy) го избра хрватското крајбрежје за кампањата за есен/зима 2026, а пред објективот застанаа три големи имиња на светската мода

1

Макарска деновиве се најде во центарот на вниманието на светската модна сцена, откако престижната француска модна куќа Givenchy токму таму ја сними својата нова кампања за колекцијата есен/зима 2026.

Пред објективот застанаа три светски познати манекенки – Каја Гербер, ќерката на легендарната Синди Крафорд, чешката манекенка Ева Херцигова и кинескиот супермодел Лиу Вен.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIVENCHY (@givenchy)

Фотографиите се направени на макарското крајбрежје, во препознатливиот каменест пејзаж под Биоково.

Зад камерата бил германскиот фотограф Јирген Телер, еден од најпознатите имиња на светската модна фотографија, познат по својата непосредна и препознатлива естетика. Креативна директорка на Givenchy е Сара Бартон, а моделите на фотографиите носат парчиња од нејзината колекција за модната куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIVENCHY (@givenchy)

Особено внимание привлече Каја Гербер, која во последните години изгради сопствена кариера и надвор од сенката на својата мајка Синди Крафорд. Покрај манекенството, 24-годишната Каја се занимава и со глума, а годинава повторно е во центарот на вниманието и на модната сцена. Само неколку дена пред објавувањето на кампањата од Макарска, таа беше меѓу најзабележаните познати личности на Отвореното првенство на САД во Њујорк.

Но, не е само присуството на познатите манекенки она што ја прави кампањата интересна. Givenchy свесно го ставил хрватскиот пејзаж во прв план – морето, каменот и Биоково се препознатливи зад моделите, па Макарска практично стана дел од визуелниот идентитет на новата колекција. Фотографиите веќе се објавени на официјалните канали на модната куќа, која на Instagram ја следат повеќе од 15 милиони луѓе.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GIVENCHY (@givenchy)

Очигледно е дека хрватските локации стануваат сè попривлечни за големите светски модни куќи. Претходно годинава Gucci го избра Загреб за својата кампања со супермоделот Кејт Мос, а сега Givenchy го насочи вниманието кон далматинскиот брег.

 

Поврзани содржини