Црногорскиот фудбалски стручњак, Миодраг Божовиќ – Гроф од денеска и официјално е нов тренер на Вардар.
Божовиќ доаѓа на местото на Аргентинецот Фабијани кој ги предводеше „црвено-црните“ на почетокот на сезоната и не ги исполни очекувањата.
Во својата богата интернационална кариера Божовиќ има трофеј во Купот на Русија со Ростов и стана шампион во Србија со Црвена ѕвезда.
Со македонскиот фудбалски шампион Божовиќ потпиша договор со важност до 2028 година.
Последен клуб кој го водел Црногорецот беше Будуќност.