МАЈКАТА ПОЧИНАЛА САМО ЕДЕН ЧАС ПО ЌЕРКАТА Трагедија во Црна Гора, заминале на одмор, но не се вратиле дома
Мајката и ќерката од Сараево биле на одмор во Добри Води, а според првичните информации прво починала ќерката, по што околу еден час подоцна починала и нејзината мајка.
ЗАЕДНО ПОЧИНАЛЕ НА ЛЕТУВАЊЕ Откриена причината за смртта на мајката и ќерката од Сараево во Црна Гора
Голема семејна трагедија го потресе Сараево, особено населбата Алипашино Поле, откако мајка и ќерка од овој град починале за време на одморот во Добри Води, Црна Гора.
Според досега достапните информации, прво починала ќерката, а приближно еден час подоцна и нејзината мајка.
Мајката била сопственичка на познат угостителски објект во сараевската населба Алипашино Поле, каде што работела и нејзината ќерка.
Како можна причина за смртта се споменува срцев застој, но точната причина сè уште не е официјално потврдена. Конечниот одговор треба да го дадат надлежните институции во Црна Гора по завршувањето на сите потребни постапки.
Според наводите на пријатели на семејството, мајката и ќерката неколку дена пред трагедијата се жалеле на главоболка и мачнина. Засега, сепак, нема официјална потврда дека овие симптоми на кој било начин се поврзани со нивната смрт.
Веста за ненадејната смрт на мајката и ќерката предизвикала шок и неверување кај нивните пријатели, познаници и жителите на Алипашино Поле.
Угостителскиот објект во кој со години работеле требало повторно да биде отворен по нивното враќање од годишниот одмор.
Наместо враќање на секојдневните обврски, стигнала веста за трагедијата која длабоко го потресла нивното семејство, пријателите и соседите, пишува „Црна хроника“.