ВО СРЦЕ Е ПРОБОДЕНО 13-ГОДИШНОТО ДЕТЕ ВО ТЕПАЧКАТА ВО ЧАИР Неговата состојба е многу тешка и критична

Момче на возраст од 13 години има убод со нож во пределот на срцето и е во многу тешка критична состојба. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи, рече министерот за здравство, Сашо Клековски.

0

Во срце е прободено 13-годишното дете, кое е во тешка состојба и се бори за живот по тепачката во Чаир, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

– Момче на возраст од 13 години има убод со нож во пределот на срцето и е во многу тешка критична состојба. Нашите мисли се со него, но веќе медицината нема многу што може да направи – рече Клековски.






Полицијата денеска соопшти дека во вчерашната тепачка во Чаир учествувале 5 лица, а еден 13-годишник со нож избол 3 лица, на возраст од 13, 16 и 19 години.

„На 1.9.2026 година полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.8.2026 околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна. Притоа 13-годишникот, кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда“, соопшти полицијата.

  1. 13-ГОДИШНИК ИЗБОЛ ТРОЈЦА СО НОЖ, ОД КОИ ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ Полицијата го уапси него и 19-годишник

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека сите учесници во инцидентот се обезбедени од страна на полицијата.

Тој потврди дека повреденото дете се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и се бори за живот.

– Детето со тешки телесни повреди и детето коешто ги нанело се иста генерација, родени 2012 година. Станува збор за сторување на ужасно насилни кривични дела од страна на малолетници каде што кривично-правниот општествен одговор е многу поинаков отколку кога станува збор за одговор насочен спрема полнолетни лица. Овде мораме како општество малку подлабоко да навлеземе и мора да има поширок институционален одговор – и од страна на надлежните министерства, и од сите општествени чинители, од родителите, социјалните центри, МВР, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за образование, здравствените центри и Министерството за здравство. Навистина ова е еден од најужасните предизвици коишто ги имаме пред нас – порача министерот Тошковски.

ВКУПНО ПЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ЗА НАПАДОТ СО НОЖ ВО ЧАИР, ЕДНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Според Тошковски ова е еден од најужасните случаи на малолетничко насилство во земјава

Поврзани содржини