13-ГОДИШНИК ИЗБОЛ ТРОЈЦА СО НОЖ, ОД КОИ ДВАЈЦА МАЛОЛЕТНИЦИ Полицијата го уапси него и 19-годишник

Повредните тројца се на возраст од 13, 16 и 19 години. 13-годишникот е во критична состојба, а тешко е повреден и 19-годишниот И.З..

0

Полицијата уапси 13-годишник кој синоќа со нож избол 3 лица при тепачка во Чаир.

Приведен е и 19-годишниот Б.И., кој учествувал во тепачката.

Повредните тројца се на возраст од 13, 16 и 19 години. 13-годишникот е во критична состојба, а тешко е повреден и 19-годишниот И.З..

„На 1.9.2026 година полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа Б.И.(19) и 13-годишник, двајцата од Скопје, постапувајќи по пријава дека на 31.8.2026 околу 22 часот на територија на Чаир, настанала физичка пресметка помеѓу двете лица од една страна и И.З.(19), 13-годишник и 16-годишни, сите од Скопје, од друга страна. Притоа 13-годишникот, кој е приведен, со нож им нанел убодни рани на трите лица од спротивната страна. И.З. и 13-годишникот се здобиле со тешки телесни повреди, а 16-годишникот со телесна повреда“, соопшти полицијата.

Извршен е увид на местото на настанот, а за понатамошна постапка се одземени три ножа, пендрек и други предмети.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, се додава во соопштението од МВР.

13-ГОДИШНО ДЕТЕ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ ПО НАПАД ВО ЧАИР Петмина го нападнале со ножеви и со безбол-палки






Поврзани содржини