87-ГОДИШНАТА ФАНИЈА УЖИВА ВО ЖИВОТОТ 5 ГОДИНИ ПО ОПЕРАЦИЈАТА НА СРЦЕ Секој ден ѝ е причина за благодарност кон професор Николиќ од „Аџибадем Систина“
Речиси пет години по операцијата на срцето, 87-годишната Фанија Велиновска вели дека се чувствува одлично и дека секој нов ден го доживува како подарок. За својата нова шанса за живот таа со огромна благодарност зборува за проф. д-р Александар Николиќ, специјалист по кардиохирургија, и неговиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
На 27 декември 2021 година, проф. д-р Александар Николиќ и тимот од кардиохирургија изведоа операција со која за Фанија започна едно ново поглавје од животот.
Таа долги години се соочувала со сериозно срцево заболување. По хоспитализацијата во ноември 2021 година била упатена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, каде што дошла на консултација кај проф. д-р Николиќ.
По внимателното разгледување на целокупната медицинска документација и нејзината здравствена состојба, проф. д-р Николиќ ѝ објаснил дека оперативниот третман е неопходен.
– Операцијата беше изведена на 27 декември 2021 година, при што ми беше заменета срцевата валвула. Благодарение на стручноста на проф. д-р Николиќ и неговиот тим, како и на посветеноста на медицинскиот персонал од Одделот за интензивна нега, постоперативното закрепнување помина беспрекорно. Новата 2022 година ја дочекав во болницата, заедно со вработените од интензивната нега, а веќе на 5 јануари се вратив во својот дом – раскажува Фанија.
Денес, речиси пет години по операцијата, таа вели дека се чувствува одлично. Редовно ги следи лекарските препораки и со радост го живее својот, како што самата го нарекува, „втор живот“.
– Уживам во секојдневието, во секој нов ден и во убавините на мојот двор во Љубаништа, во непосредна близина на манастирот „Св. Наум“. Благодарна сум што денес можам да бидам тука и да уживам во животот – вели 87-годишната Фанија.
За неа, секое ново утро е потсетник на шансата што ја добила.
– Секој мој нов ден е причина за благодарност кон проф. д-р Александар Николиќ – извонреден доктор и човек со големо срце – додава таа.
Приказната на Фанија е сведоштво за тоа колку навремената дијагноза, правилната одлука за лекување, врвната медицинска експертиза и посветената грижа можат да го променат животот на пациентот.
Одделот за кардиохирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е изграден според најсовремени светски стандарди. Во својата работа нуди професионален пристап во негата на пациентите со цел да се одговори, со врвна здравствена нега, на специфичните потреби на сите категории пациенти. Составен e од врвен интернационален тим кардиохирурзи со долгогодишно искуство предводени од еминентниот проф. д-р Александар Николиќ. Интервенциите на Одделот за кардиохирургија се бесплатни за осигурениците на Фондот за здравствено осигурување.