КИТАНОВИЌ ЈА ИЗБРИША ОБЈАВАТА ЗА МЛАДИЌ И МУ СЕ ИЗВИНИ НА МИЦКОСКИ Директорот не ја напушта фотелјата во Агенцијата за права на заедниците
Китановиќ во новата објава на Фејсбук напиша дека искрено му се извинува на Мицкоски и на членовите на Владата, кои, како што додаде, „поради мојата објава беа непотребно вовлечени во политичка пресметка и изложени на напади за нешто за кое не сносат никаква одговорност“.
По три дена молк Далибор Китановиќ ја избриша својата објава на социјалните мрежи и му се извини на премиерот Христијан Мицкоски, но не даде оставка од директорската функција во Агенцијата за остварување на правата на заедниците.
Владата побара од Китановиќ да го повлече ставот со кој го величаше правосилно осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.
„Ставот на Владата е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти. Ратко Младиќ е правосилно осуден за геноцид, злосторства против човештвото и за воени злосторства од надлежниот меѓународен суд. Ставот на Далибор Китановиќ е негов личен став и е неприфатлив за Владата. Волунтеризам е неприфатлив и Владата ќе побара од Китановиќ да го повлече ставот. Доколку Китановиќ не се согласува со политиките на Владата очекуваме негово повлекување од позицијата која ја извршува“, рекоа од Владата.
Актуелниот директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, Далибор Китановиќ, објави скандалозна објава со која се велича осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Објавата се појави на неговиот профил на Инстаграм по смртта на поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека издржуваше доживотна затворска казна.
Китановиќ во новата објава на Фејсбук напиша дека искрено му се извинува на Мицкоски и на членовите на Владата, кои, како што додаде, „поради мојата објава беа непотребно вовлечени во политичка пресметка и изложени на напади за нешто за кое не сносат никаква одговорност“.