ПОЖАРИТЕ ВО ШТИПСКО И ОПШТИНА САРАЈ СЀ УШТЕ СЕ АКТИВНИ Под контрола се пожарите на четири локации

Во меѓувреме, изгаснати се 20 пожари на повеќе локации низ државата,

0

Во изминатото деноноќие во државата се регистрирани вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои два се активни, четири се ставени под контрола, а 20 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Според информациите заклучно со 7.30 часот, активни се пожарите на потегот меѓу селата Копаница и Радуша во Општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот во штипскиот регион меѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, каде гори ниска вегетација.






Под контрола се пожарите во реонот на селата Битово, Заград и Страјане во Општина Македонски Брод, каде што беа зафатени нискостеблеста шума, ниска вегетација, пасишта и папрат, како и пожарот на Градската депонија Острец во Делчево. Под контрола се ставени и пожарите кај селото Драгов Дол во Општина Македонски Брод и над селото Палиград во Општина Зелениково.

Во меѓувреме, изгаснати се 20 пожари на повеќе локации низ државата, меѓу кои кај селото Градец во Општина Врапчиште, кај селото Подмочани во Ресен, над селото Нежилово во Општина Чашка, кај селото Урвич во Општина Боговиње, како и на повеќе локации во општините Гази Баба, Струга, Долнени, Кичево, Ново Село, Старо Нагоричане, Желино, Кавадарци и Свети Николе.

Поврзани содржини