ЗАБРАНАТА ЗА ДВИЖЕЊЕ НА ШАР ПЛАНИНА ПРОДОЛЖУВА ДО 30 СЕПТЕМВРИ Целта е да се спречат пожари

0

Поради неповолните временски услови, високите температури и сувото време, како и зголемениот ризик од појава на пожари на отворен простор, ЈУ Национален парк Шар Планина ја продолжува забраната за движење на територијата на Националниот парк Шар Планина до 30.09.2026 година.

Оваа мерка се презема со цел спречување на појавата и ширењето на пожари, заштита на природата и обезбедување на безбедноста на посетителите.






– Ги повикуваме сите граѓани, посетители и оператори да ја почитуваат забраната и упатствата на надлежните институции – велат од ЈУ Национален парк Шар Планина.

Поврзани содржини