НЕМОЈ ДА БИДЕШ КУКАВИЦА ТОМ КРУЗ! Ренди Квејд распали по изборот на Ен Хатавеј за партнерка на ѕвездата во продолжението на „Денови на громот“

Речиси четири децении по оригиналниот филм, Круз повторно ќе биде Кол Трикл, но изборот на неговата нова партнерка веќе предизвика жестока реакција кај еден од актерите во оригиналниот филм од 1990-тата: Ен не е секси и ако не сте забележале, трудна е!

337

Том Круз повторно се враќа на тркачката патека. Речиси 40 години по оригиналниот „Days of Thunder“, актерот повторно ќе ја игра улогата на возачот Кол Трикл во продолжението, а овојпат партнерка пред камерите ќе му биде Ен Хатавеј.

Продолжението беше официјално најавено во саботата на трката NASCAR во Дејтона, каде што Круз и Хатавеј се појавија заедно и го претставија новиот филм. Премиерата е закажана за 2 јуни 2028 година, а филмот ќе се прикажува и во IMAX, Dolby Cinema и 4DX формати.






Хатавеј ќе игра нов лик – сопственичка на тркачки тим. Во краткото видео со Круз, таа откри дека прво ќе го роди своето трето дете, а потоа ќе започне со снимањето на филмот.

– Ќе го родам ова бебе, а потоа ќе го снимаме филмот – му вели таа на Круз во видеото.

– Тоа е добра идеја – ѝ одговара Круз.

Но, изборот на Хатавеј веднаш предизвика реакција од Ренди Квејд, кој играше во оригиналниот филм од 1990 година. Квејд јавно порача дека наместо Хатавеј, би сакал во продолжението повторно да ја види Никол Кидман, која во првиот филм ја играше докторката Клер Левицки и беше во љубовна врска со ликот на Круз.

– Ни треба Никол назад. Не биди плашливец, @TomCruise – напиша тој на социјалната мрежа X.

– Ти треба оригиналната девојка. Не е ништо лично, туку се работи за филм. Ен не е секси, и, ако не сте забележале, таа е бремена – напиша тој.

Квејд отиде и чекор понатаму, па во своите објави го поврза изборот на Хатавеј со политичките ставови на публиката што го следи NASCAR. Од Paramount и од Хатавеј засега нема реакција на неговите критики.

– Ен Хатавеј е ужасен избор за публиката на „DAYS OF THUNDER“. Повозрасната секси жена покрај Том во овој филм треба да биде Никол. Тоа е актерската екипа со која идејата би се продала. Ова е чудно, како намерно да сакаат филмот да излезе и да пропадне – напиша Квејд.

Актерот (64) и неговата поранешна сопруга Никол Кидман (59) глумеа во оригиналниот филм од 1990 година, но оттогаш немаат работено заедно. Круз поднесе барање за развод во 2001 година.

Во оригиналниот „Days of Thunder“, покрај Круз и Кидман, Квејд играше сопственик на тркачки тим. Новиот филм ќе го режира Џонатан Левин, според сценарио на Вил Стејплс, а меѓу продуцентите се Том Круз, Џери Брукхајмер и Томи Харпер. Засега не е познато дали некој друг од оригиналната актерска екипа ќе се врати.

Поврзани содржини