ФИЛИПЧЕ ОБВИНУВА ЗА СРПСКИ СВЕТ, А СОВЕТНИК НА ЗАЕВ ФАТЕН КАКО СОРАБОТНИК НА БИА Каква хипокризија на СДСМ
Од друга страна градоначалниците на СДСМ, како тој во Крива Паланка, деновиве прават концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Каква хипокризија на Венко Филипче и СДСМ – додека обвинуваат за српски свет во Македонија, советник на Зоран Заев е фатен соработник на БИА, а од друга страна градоначалници на СДСМ прават концерти со пејачите на Александар Вучиќ, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Поранешниот советник на Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски и поранешен член на високите партиски тела на СДСМ, е вклучен во последната шпионска афера во соседна земја, каде што тамошни јавни личности испаднаа дека се дел од тајната српска служба, за што е поднесено и обвинение. Во истиот предмет за соработници на БИА се појавува и името на Петрушевски, советникот на менторот на Венко Филипче, Зоран Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Од друга страна пак, се додава во соопштението, градоначалниците на СДСМ, како тој во Крива Паланка, деновиве прави концерти токму со пејачите на Александар Вучиќ, за кого велат сака да го прошири неговото влијание и на наша територија.
„Оттука и од случајот со Петрушевски се гледа кој е извршител и соработник на српските служби. Токму хипокризијата да биде поголема, Љупчо Николовски Путерот и градоначалникот на Крива Паланка ќе се забавуваат на плоштад со концерт на Лепа Брена која ѝ пееше на војската на Младиќ. А, Ацо Пејовиќ, исто така, ќе пее на плоштадот во Македонка Каменица. Што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, ние како политичка партија немаме ништо против, но вредно е да се нотира дека овие пејачи српската опозиција ги прогласи за режимски на Александар Вучиќ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.