ОТСТРАНЕТИ НЕЕКСПЛОДИРАНИ ГРАНАТИ Мариовскиот пожар поминал над нив
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов од атар на селото Мегленци, општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 155 и од 75 милиметри од Првата светска војна, соопшти ДЗС.
Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Ѓорги Стефанов од атар на селото Мегленци, општина Новаци безбедно отстрани две артилериски гранати од 155 и од 75 милиметри од Првата светска војна, од предел што бил „поминат“ од мариовскиот пожар пред неколку денови, соопшти ДЗС.
„Неексплодираните убојни средства, гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите коишто се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар. Инаку, службената дојава до ДЗС Битола беше од страна на Полициска станица Новаци, а беа откриени од припадници на битолските пожарникари“, соопшти ДЗС.