АКО СЕМЕЈСТВОТО ПОБАРА, СРБИЈА ЌЕ ОРГАНИЗИРА ПОГРЕБ НА МЛАДИЌ Вучиќ го обвини Хаг дека не дозволил генералот да умре во родната земја

Српскиот претседател изјави дека државата ќе организира сè за достоинствен погреб доколку тоа го побара семејството на Младиќ. Српскиот претседател рече дека веќе се испратени тимови за логистичка помош.

46

Србија ќе организира сè за достоинствен погреб на Ратко Младиќ доколку тоа го побара неговото семејство, изјави претседателот на Србија. Александар Вучиќ вели дека државата е подготвена да помогне и дека веќе испратила тимови за логистика.

Вучиќ меѓу другото го обвини Хаг дека не му дозволил на Младиќ да умре во Србија.






– Сега гледаме дека Хаг сакал Младиќ да умре зад решетки. Тие не дозволија генералот да умре во Србија, на местото што го сакаше. Ова е антицивилизациски чин, без преседан и без никакво оправдување – рече Вучиќ.

Вучиќ нагласи дека Србија сè уште нема официјално известување од Хаг за смртта на Младиќ.

– Засега не можам да кажам ништо повеќе бидејќи не сме добиле никакво официјално известување од Хаг – рече Вучиќ.

Ратко Младиќ беше командант на Војската на Република Српска за време на војната во Босна и Херцеговина.

Хашкиот трибунал го прогласи за виновен по десет од 11 точки од обвинението. Меѓу нив беше и геноцидот во Сребреница.

Поврзани содржини