СЕДЕЛ ВО ДВОР, ЗАЛУТАНО ЗРНО УДРИЛО ВО „МЕРЦЕДЕСОТ“ Необичен случај во скопско Морани

Педесет и тригодишен маж забележал оштетување од залутано зрно на автомобилот на неговиот брат. Полицијата извршила увид и го расчистува случајот.

0

Залутано зрно од огнено оружје оштетило автомобил во скопското село Морани. Сопственикот на куќата го забележал оштетувањето додека седел во својот двор.

Случајот бил пријавен на 27 август, околу 23.15 часот. Педесет и тригодишниот Џ.Т., со престој во Морани, рекол дека десетина минути претходно седел во дворот.






Тогаш забележал оштетување од залутано зрно на „мерцедес“. Возилото било со скопски регистарски ознаки и било сопственост на неговиот брат.

Екипа на СВР Скопје извршила увид. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Поврзани содржини