ДРЖАВЈАНИН НА КАНАДА УКРАЛ АРХЕОЛОШКИ ПРЕДМЕТ ВО КУМАНОВО Полицијата го затекнала на полноќ во центарот на градот
Полицијата го привела 37-годишниот Канаѓанец откако кај него пронашла археолошки предмет. Артефактот бил одземен, а против него е најавена соодветна пријава.
Државјанин на Канада бил приведен полноќ во центарот на Куманово откако полицијата кај него пронашла археолошки предмет.
Полицајци го затекнале 37-годишниот Ј.А.С. околу 00.30 часот на улицата Доне Божинов. При интервенцијата кај него бил пронајден артефакт, кој полицијата го одзела.
Од СВР Куманово соопштија дека случајот дополнително ќе го документираат. Потоа против Канаѓанецот ќе поднесат соодветна пријава.