🎥 РАБОТНИЦИ ВО ПЛАНИНА ГО СНИМИЛЕ ПОЧЕТОКОТ НА КАТАКЛИЗМАТА ВО НЕПАЛ Бројот на мртви се искачи на 350, изчезнати се повеќе од 1.500
Работниците кои се најдоа на патот на водата, која носи пред себе големи количини кал, камења и остатоци, мораа да бегаат на повисоки места за да си го спасат животот.
Според најновите проценки, најмалку 350 луѓе загинаа, а 1.500 се исчезнати во разорните поплави што го зафатија хималајскиот регион на границата помеѓу Непал и Кина.
Една од најразорните сцени е снимена на 26 август во непалскиот округ Расува, кога ненадејни поплави ја зафатија областа околу реката Бхоте Коши.
Работниците кои се најдоа на патот на водата, која носи пред себе големи количини кал, камења и остатоци, мораа да бегаат на повисоки места за да си го спасат животот.
Според Геолошкиот завод на САД, поплавата е предизвикана од уривањето на глечер, а протокот на остатоци што потоа ја зафатил областа, прво ја блокирал реката, а подоцна природната брана попуштила.
Видео сниммено од почетното ниво на несреќата циркулира на социјалните мрежи, на кое се гледа моментот кога огромна количина вода се упатила кон работниците.
Според локалните медиуми, работниците биле спасени откако успеале да стигнат до повисоки места.
Многу од исчезнатите се странци кои биле во погодената област планинарејќи или на поклонение на свето хиндуистичко место.
View this post on Instagram