ВО ГАЛИЧНИК НЕМА ВОДА, ВОВЕДЕНИ РЕСТРИКЦИИ Мештаните и посетителите да ја штедат водата
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 21:00 навечер до 06:00 часот наутро.
Поради сушниот период и зголемената потрошувачка во Галичник, од вечерва 26.08.2026, се воведува рестрикција на водоснабдувањето, информира Месната заедница Галичник.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 21:00 навечер до 06:00 часот наутро.
„Апелираме до сите жители и посетители водата да ја користат разумно и одговорно, исклучиво за неопходните потреби, и да избегнуваат полевање на дворовите и друга непотребна потрошувачка. Со заедничка одговорност ќе придонесеме за стабилно водоснабдување во текот на сушниот период“ – се вели во соопштението на МЗ Галичник.