МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОМАЛКУ СЕ ВОЗАТ СО АВТОБУС Намален превозот на патници за 7,9%
Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11,9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 21 процент.
Во вториот квартал годинава вкупниот број на превезени патници во патничкиот патен превоз изнесува 9.219.000 и е намален за 7,9 проценти во однос на вториот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во градскиот превоз бројот на превезени патници во второто тримесечје годинава во однос на истиот период лани е намален за 11,9 проценти, во приградскиот за 9 проценти, во меѓународниот за 4,3 проценти, додека во меѓуградскиот превоз е зголемен за 21 процент.
Вкупниот број на патничките километри е 261.614.000 и е зголемен за 1,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Во градскиот превоз бројот на патнички километри е намален за 5,1 проценти, во приградскиот за 4,9 проценти, во меѓународниот превоз намалувањето изнесува 4,2 проценти, а во меѓуградскиот превоз е зголемен за 21,2 проценти.